Инфлацијата во ноември се намали на 1,1 отсто

Bez autora
Dec 02 2013

Индексот на трошоците на животот, кој е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во Македонија во ноември бележи пораст од 1,1 отсто на годишно. Со ова продолжи трендот на намалување на инфлацијата, кој започна во јуни, кога беше измерена највисока годишна стапка на инфлација во 2013 година од 4,2 отсто. Во октомври годишната стапка на инфлација во македонија изнесувала 1,3. На месечно ниво, според статистичарите, во ноември е регистрирана дефлација од 0,1 отсто. Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 7,8 отсто, мастите за 1,6 отсто, јајцата за 1,5 отсто и рибата за 1,3 отсто.

Инфлацијата во ноември се намали на 1,1 отстоИндексот на трошоците на животот, кој е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во Македонија во ноември бележи пораст од 1,1 отсто на годишно, објави во понеделникот Државниот завод за статистика.

Со ова продолжи трендот на намалување на инфлацијата, кој започна во јуни, кога беше измерена највисока годишна стапка на инфлација во 2013 година од 4,2 отсто.

Во октомври годишната стапка на инфлација во македонија изнесувала 1,3.

На месечно ниво, според статистичарите, во ноември е регистрирана дефлација од 0,1 отсто.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 7,8 отсто, мастите за 1,6 отсто, јајцата за 1,5 отсто и рибата за 1,3 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 11 отсто, услугите за сместување за 1,9 отсто, нафтените деривати за 1,3%, средствата за образование за 0,9 отсто, конфекцијата за домаќинствата и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,4 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември во споредба со претходниот месец е забележан кај зеленчукот за 1,7 отсто, преработките од млеко за 0,8 отсто, преработките од месо и алкохолните пијалаци за 0,4 отсто, преработките од зеленчук, сушеното овошје и свежото и киселото млеко за 0,3 отсто.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за домаќинствата за 1,0 отсто, средствата за хигиена за 0,8 отсто и течните горива и гасот за домаќинствата за 0,2 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik